Во Веро Центар-Скопје Пакомак ги постави првите повратни вендинг машини за амбалажен отпад

Долго очекуваните повратни вендинг машини конечно ја видоа светлината на денот и веќе од денеска граѓаните на Скопје можат да ги користат и да го одложуваат амбалажниот отпад во нив, а за возврат да добиваат „зелени поени“ кои можат да ги искористат за купување производи од Веро, како и за плаќање на општински и јавни услуги.

Денеска, во Веро Центар-Скопје беше промовирана првата од трите вакви машини на територијата на Скопје, кои ќе работат со специјален систем и ќе доделуваат „зелени поени“ на секој кој ќе го одложи својот отпад во нив. Преостанатите две машини се поставени на различни локации, исто така во маркети од ланецот Веро.

На промоцијата на првата вендинг машина поставена на територијата на главниот град, во трговскиот центар Веро Џамбо покрај претставници на Пакомак беа присутни и министерот за животна средина Насер Нуредини, деканот на ФЕИТ Димитар Ташковски, амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер, австрискиот амбасадор д-р Георг Вуцас, директорот на Веро Супермаркети г. Петар Денковски, како и основачите на Пакомак. Пред присутните беше покажано како работат машините и како функционира системот со „зелени поени“ – делот за кој новинарските екипи беа најљубопитни да дознаат како работи.

Видео: https://www.facebook.com/Pakomak.mk/posts/4132930443453350

Повратните вендинг машини беа развиени од страна на Пакомак, во соработка со ФЕИТ и Фондот за иновации. Како македонски производ направен според потребите на локалното население, повратните вендинг машини на Пакомак имаат пониска цена на производство и на одржување, додека истовремено придобивката од селектирањето преку нив претставува соодветна

Translate »