Група новинари редовно го посетува бегалецот Груевски во Будимпешта
Група новинари редовно го посетува бегалецот Груевски во Будимпешта – дозна 1ТВ од свои извори. Груевски по неколку недели молк во унгарската престолнина, почнал да ги повикува новинарите кои му се наклонети, пренесува Либертас.Сепак, неговиот обид да биде присутен во македонските медиуми не предизвика големо внимание кај истражните органи. Министерот за внатрешни работи потврди дека ја има информацијата за неговите средби со новинарите, но вели дека има други факти поважни за бегството без да прецизира кои се тие.
Претходно, обвинителот кој ја води истрагата за бегството за 1Тв рече дека ќе бидат повикани на разговор сите за кои смета дека би можеле да помогнат во истрагата. Се уште немаме информација дали некој од новинарите кои му биле во посета биле повикани во обвинителството. Пред новинарите, Груевски беше посетуван од лица вработени во Царинската управа. Надлежните органи се оптимисти за враќањето на азилантот, чија екстрадиција засега е невоможна. Шефицата на обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска, во интервју за српски медиум рече дека очекува правдата да го стигне Груевски без да одговори како правдата ќе биде спроведена. За обвинителството, индикативно е и тоа што снимките од граничите премини на Албанија не беа доставени до македонските органи./1тв