(Видео) Мицкоски: Мал број на луѓе за да се спасат од кривичен прогон се кријат зад иницијативата за вонреден Конгрес

аканаречената иницијатива на мал број луѓе заробеници и слуги на Зоран Заев кои што се обидуваат да манипулираат практично со дел од делагатите кои што беа присутни и на конгресот во Куманово, а потоа и во Валандово, се со единствена цел да добијат милост од нивниот стопан Зоран Заев за да може да се спасат од определен политички и кривичен прогон кој што се случува, изјави Мицкоски при одговор на новинарско прашање во однос на иницијативата за вонреден Конгрес.

ој рече дека Централниот Комитет на вчерашната седница закажал Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ за крајот на месец ноември, тој е редовен конгрес кој што се одржува секои 4 години и на тој конгрес ќе се разговара за идните чекори кои што идното раководство на партијата ќе ги преземе кое што ќе биде избрано на тој конгрес.

Мицкоски ја искористи приликата и да се заблагодари на сите членови на партијата, поранешни функционери, активисти кои што ги препознаваат овие криминални обиди на дел од поранешното раководство на партијата и со гадење истите ги отфрлаат и продолжуваат заедно со раководството на партијата легитимно да се борат се до остварување на крајната цел.

Крајната цел е ослободување на македонскиот народ, на македонските граѓани, на Македонија од овој хибриден режим кој што го предводи владата на Зоран Заев и СДСМ. Јас сум го одел мојот пат, мојот пат е да служам на Македонија, на македонскиот народ и на организацијата, а тие од одбрале нивниот пат да му слугуваат на Зоран Заев. Режимот ќе падне, а со него ќе падне и Зоран Заев, а потоа следи одговорност за сите оние криминалци кои што се обидуваат да и наштетат на Македонија, рече Мицкоски.

Translate »