Филипче најави нова антиковид мерка: Од средината на октомври ќе може да функционираат само целосно вакцинирани граѓани
Засега нови рестриктивни мерки или некои препораки нема да има освен тоа што сега е како критериум за влез на настани, угостителски објекти и се бара најмалку една доза вакцина. Од средината на октомври ќе има мерка со која ќе може да функционираат само целосно вакцинирани граѓани, истакна министерот за здравство Венко Филипче во гостување на Канал 5 телевизија.