Кафанџиите се договорија, кафето ќе биде поскапо
Веќе неколку дена во Битола, пиењето кафе е поскапо за битолчани. Членовите на Здружението за угостителство и туризам „Клуб Еснаф“-Битола кои имаат кафулиња, заедно се одлучија на овој потег заради повеќе причини.
„Причините за поскапувањето на кафето во битолските кафулиња се должи на тоа што бизнисите се соочуваат со поскапувања на сите ресурси со кои што се овозможува квалитетна услуга на клиентите. Поскапувањето на самото кафе, зголемување на платите на персоналот, зголемување на трошоците за адекватна и квалитетна услуга, трошоците за греење како и самата комоција и удобност што го нудат угостителските објекти, резултира со поскапување на цената на кафето. Исто така тука е и нелојалната конкуренција“, изјави за Шеталиште, Марио Трифуновски, претседател на здружението Еснаф.
На последниот состанок членовите на здружението Еснаф се договориле кафето да не се продава под 50 денари.