5 работи по кои Македонија е на прво место во Европа или светот

Македонија е прилично мала држава во споредба со останатите, но тоа не значи дека не сме први по нешто во светот. Во ред, признаваме поголем дел од овие работи не се за фалење, но тоа се фактите. Во 2021 година Македонија го доби почесното прво место за неколку работи, колку ова кажува за добрите и лошите страни на нашата држава проценете самите.

Македонија е прва во Европа според процентот на жени истражувачи

Според извештајот на УНЕСКО на светско ниво само 29,3 % од истражувачите во светот се жени. Македонија го држи рекордот на жени истражувачи во Европа со 52,3%. Очигледно на добра позиција се и соседните земји.https://motika.mk/reklami/inarticle.html

Нашата држава е прва во Европа и шеста во светот по смртност од ковид-19

За жал ова е далеку од добра „титула“. Според истражувањата Македонија е на самиот врв на табелата на европски земји со највисока стапка на смртност од ковид-19, а на 6-то место во светот, со тоа што зад нас се само Перу, Еквадор, Боливија, Мексико и Колумбија.

Македонија е на првото место за Counter Strike во Европа

Добра вест за гејмерите. За прв пат во историјата на МЕСФ и македонската CS:GO сцена освоено е прво место во меѓународен натпревар. Во финалето, македонските претставници ги победиле противниците од Романија со резултат од 2:0.

Нашата земја со највисок ризик за социјално исклучување, сиромаштија во Европа

Македонија е на прво место за социјално исклучување, сиромаштија на доселениците кои доаѓаат надвор од ЕУ. За жал исто така скоро истото важи и македонските граѓани.

Македонија е прва земја во светот што ќе ја користи новата кредитна линија на ММФ

Како и секогаш први за кредити. Договорено е користење на 480 милиони евра за наредните две години од страна на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд и нивната новата кредитна линија за претпазливост. Одлуката треба да ја потврди Бордот на директори на ММФ во јануари следната година.

Motika.mk

Translate »