(Видео) Фрлена бомба на протест пред ВМРО во Софија, обвинувања дека зад него стојат струи кои го поддржуваат македонизмот
Искрен Веселинов, заменик претседател на бугарското ВМРО, коментирајќи за протестите пред седиштето на ВМРО во Софија, во емисијата „Лице в лице“, рече дека ги оправдува постапките на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, кој фрли бомба кон демонстрантите за време на тензиите пред седиштето на партијата.
„Џамбаски веројатно бил во состојба на афект, бидејќи е ненормално некој да оди и да направи ваков вандалски чин, самоволие на бугарштината во Македонија“, додаде Веселинов.
Тој вели дека во протестот се вклучени српско-скопски сили кои сакаат да ја заштитат македонската позиција.
На видеото се гледа како ситуацијата ескалира и членови на ВМРО и демонстранти го кршат стаклото од оградата на седиштето, а од последниот кат биле фрлани водени балони и пиротехнички средства.
Според него не е случајно присуството на протестот и на Волен Сидеров и рече дека има вмешаност на политички струи од надвор.
„Тоа се струи и сили кои го поддржуваат македонизмот како идеологија, измислен во Москва“, рече Веселинов.
Група граѓани се појавија пред седиштето на ВМРО да протестираат против Владата. Како резултат на тоа, има скршена влезна врата, чад, расфрлани пиротехнички средства, црева, водени балони. Бидејќи ситуацијата ескалираше, интервенираше и бугарската полиција.