Тинејџер почина откако му падна статива на глава
Вчера попладне во Градската општа болница “8-ми Септември“ било донесено момчето кое им подлегнало на повредите. Станува збор за Б.С.(19) од с.Ропалце, кумановско, кој попладнето со приватно возило бил донесен со тешка повреда на главата.
Околу 14 часот додека Б.С. бил на стадион во с.Сарај-Скопје, се фатил со рацете за стативата од голот, која се скршила и паднала врз главата на момчето.