Шилегов вежба да биде новинар
Градоначалникот Петре Шилегов го посети пунктот и прифатилиштето за бездомни лица во Момин Поток и во пресрет на новогодишните празнци им подели пакети со топла облека. Потоа тој заедно со другите новинари ја снимаше преставничката од Црвениот крст на Град Скопје, Сузана Тунева-Пауновска. Претпоставуваме дека сака да види како е другата странa. Само следниот пат пи-ар тимот да не му смисли со слушалки на уши да прегледува пациенти. Тешко нас!
фото Тwitter