Водата е бесплатна , се се плаќа со картичка, а нема минус, исповед на Балканка која живее во Норвешка

loading...

Балканците, најчесто,  во потрага по подобар и посигурен живот одат во Германија, Австрија, Ирска и Шведска, но  некои одат и подалеку на  северот на  Европа, а омилена дестинација е богатата и просперитетна во Норвешка.

Една од нив е  и Хрватицата Ивана Пеле, која по дипломирањето отиде да живее во Норвешка, но не од економски причини, туку од љубов. Еве како таа ја опишува својата средба со градот Осло…

–  Јас го следев моето  срце (моето момче) , а тој го следеше својот разум (работата). Нашата прва средба со Осло се случи во почетокот на 2014-та  година, кога решивме да ја прославиме Новата година кај братот на моето момче, кој живееше таму. Една година подоцна, дечко ми одлучи да ја остави лошата  деловна политика во Загреб и се пресели на север. Му се придружив во мај.  годинава, откако дипломирав  историја на уметноста и италијански јазик на Филозофскиот факултет во Загреб. Италијанскиот се покажа како предност кога барав  работа, бидејќи веднаш по пристигнувањето, за помалку од еден месец, добив работа во еден италијански ресторан. На почетокот како асистент келнер, а од неодамна сум унапредена во  келнерка. Работам по потреба, најчесто во текот на  викендите, а платена сум по  час – вели Ивана за порталот slavonski.hr.

Во Норвешка има работа , вели таа , но ако  ако сакате да работите во струката, мора да го знаете норвешкиот јазик.

– Норвежаните, како и сите  други народи во светот, прво ги вработуваат своите сонародници,  потоа луѓето кои го  зборуваат нивниот јазикот, а на крај доселениците. Затоа си поставив задача да го научам јазикот што е можно побрзо. До овој момент го совладав почетниот степен и можам да комуницирам на дневна основа. Со малку среќа, мозок и пари, следната година би сакала да продолжам со курсот. Јазикот ми треба не само за да најдам работа која повеќе ми одговара туку и повеќе да ме почитуваат во земјата во која дојдов – вели Ивана

Норвешка, како што вели, е навистина мултикултурна земја што може да се види на секој чекор.

– За разлика од Балканците, Норвежаните никогаш не се правдаат со лошто време ако не сакаат да излезат надвор. Кај нив постои една изрека : “Det ikke dårlig finnes vær,” или: Не постои лошо време, има само лоша облека “- вели Ивана.

Таа ги објаснува и навиките на Норвежаните кои се невообичаени за нашите балкански прилики.

На пример, на вратата или  ѕвончето, тие оставаат само имиња или прекари. Сите врати и прозорци се отвораат нанадвор  бидејќи голем дел од куќите се изградени од дрво поради почести пожари. Се готви и се загрева на електрична енергија, а најчестите извори на електрична енергија се водата, ветерот и сонцето. Гасот се користи многу ретко. Водата е бесплатна и доаѓа од блиското езеро Маридалсваннет. Алкохолот се продава во специјализирани продавници во државна сопственост кои се отворени во  работните денови до 18 часот, сабота до 15, а во недела се затворени. Пиво може да се купи во обичните продавници во текот на неделата до 18 часа, а во сабота до 20,  иако продавниците се отворени до 23 . Во продавниците најчесто се продава црн леб , месарите ги држат  Турците, а отворени пазари нема бидејќи на ниските температури овошјето  и зеленчукот би се замрзнале.  Јавниот сообраќај е фантастичен и нема потреба за личен автомобил. Оние малку  автомобили кои се движат по Осло, редовно застануваат на пет метри од пешаците, и никој не труби , дури и кога е најголемиот метеж.  Игрите на среќа и обложувалниците  се контролирани од државата, а целиот профит се дава за  култура и спорт. Сè се плаќа со картички, а минус нема ! – вели Ивана.

славонски.хр

Translate »