Се отвори нов Рамсторе маркет во Стар Аеродром

С

На   8-ми Март,  компанијата „Рамстор” – Македонија отвори нов маркет, лоциран на улицата Фрањо Клуз бр.6 во Стар Аеродром.

Модерно дизајнираниот Рамсторе маркет кој е 27. на малопродажниот трговец во земјава, се простира на продажна површина од 650 м2 и располага со дополнителен магацински простор од 160 м2. За услугата се грижи тим од вкупно 20 вработени, а потрошувачите имаат на располагање 4 наплатни каси. Пред објектот е обезбеден паркинг-простор за 20 возила.

Во новоотворениот маркет на потрошувачите ќе им бидат понудени во секое време свежо овошје и зеленчук, свежо месо, готови јадења топол леб и вкусни пекарски производи, како и повеќе од 10.000 други производи достапни 365 дена во годината. Маркетот ќе работи седум дена во неделата, од 08:00 до 22:00 часот

Големиот број на промоции, дегустации, продажни акции, подароци и гратис производи го одбележија отварањето на овој маркет, а покрај големите попусти потрошувачите ја искористија и својата Рамсторе клуб картичка за дополнителни бенифиции при купувањето.

Со новиот маркет во стар Аеродром, синџирот „Рамсторе” – Македонија достигна до вкупно 27 маркети во 7 различни града во земјава, кои се простираат на вкупна површина од 23.250 м2. Вкупниот број на вработени во компанијата изнесува 750.

Рамсторе која е дел од интернационалната мрежа присутна во повеќе држави под закрила на „Мигрос”, што е најголем синџир на супермаркети во Турција, работи со стратегија да соработува со локалните увозници, произведувачи и дистрибутери, со што активно учествува во поттикнување на македонската економија.

Translate »