Девојка погодена од залутан куршум додека седела во нејзината соба
Девојка била погодена од залутан куршум додека седела во нејзината соба во скопската населба Чаир. Случајот вчера околу 23,50 часот во СВР-Скопје го пријавил нејзиниот татко Н.Б.(54) од Скопје.
Тој во полиција кажал дека во неговиот дом во Чаир во собата каде што била неговата ќерка пробило залутано зрно и и нанело површински повреди (изгореница). Се работи на целосно расчистување на случајот.