Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат
Од ноќеска на полноќ бензините ќе поевтинат за половина денар, а цената на дизелот ќе се зголеми за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Со новата одлука, која ќе стапи на сила на полноќ, малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за половина денар и со тоа новата цена за литар Еуросупер БС-95 ќе изнесува 71 денар, додека на Еуросупер БС-98 – 72,50 денари.
Дизелот поскапува за половина денар, и новата цена ќе изнесува 63 денари за литар.
Цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува иста – 51,50 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,598 денари за килограм на 33,053 денари.