Уништен генетски модификуваниот ориз, се утврдува кој го произведувал

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство со детали за кочанскиот ориз во кој беа откриени генетски модификувани организми. Вели дека сите анализи се завршени и запленетата количина е уништена…

Агенцијата за храна и ветеринарство открила 30 можни производители на генетски модификуван ориз. Институцијата ја детектирала и сортата, но и лицата кај кои може да се најде ГМО семе. Директорот Атанасов информираше дека инспекторите се повторно на терен. Спроведуваат засилени контроли. Детално ќе се утврдува кој произведувал ориз со ГМО.

„Запленетите количини се уништени. Екипите се на терен, детално ќе се види кои се тие производители. Добиен е список од 30 можни производители кај кои ќе се појде, меѓутоа пак ќе нагласам дека тоа треба да биде во соработка со Управата за семе и семенски материјал во Министерството за земјоделство. Има законски регулативи кои ќе се преземат. Зајакнати се контролите, се спроведува мониторинг програмата“, изјави Зоран Атанасов, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Првиот човек на АХВ тврди дека строго се контролираат и граничните премини. Информираше дека веќе се подготвува план за контрола и на реколтата ориз за наредната година.

На 9-ти месецов, АХВ соопшти дека во соини презли и шницли и во кочански ориз се откриени генетски модификувани организми. Присуството беше потврдено и преку извршена суперанализа во референтна европска лабораторија. Производите беа уништени, а за компаниите беа изречени казни.

Translate »