Папата Франциск бил универзитетски професор

Езуитот од Аргентина, Хорхе Марио Бергољо, некогашен надбискуп во Буенос Аирес, е Папа на католичката Црква. 

Папата Франциско по многу работи се разликува од претходно избраните. За првпат во историјата на црквата, еден бискуп го зема името Франциско, но и за првпат езуит е избран за папа, односно е прв папа кој доаѓа од Латинска Америка.

Хорхе Марио Бергољо е роден на 17-ти декември во 1936-та година во Буенос Аирес, во семејство со пет деца, а неговиот татко бил италијански имигрант, поради што папата Франциско има и аргентинско и италијанско државјанство.

Дипломирал хемиска технологија, но подоцна се одлучил за свештенички повик и стапил во богословија. Хуманистички студии завршил во Чиле, а во 1963-та година, по враќањето во Буенос Аирес, завршил на Филозофскиот факултет во Сан Мигел.

Папата Франциск како универитетски професор следните две години предавал книжевност и психологија, аод 1967-ма до 1970-та студирал теологија на Теолошкиот факултет во Сан Мигел.

Во 1992-ра година Папата Јован Павле Втори го именувал за помошен бискуп на Буенос Аирес, а истата година во катедралата во Буенос Аирес бил ракополжен од кардиналот Антонио Куарацина.

Како надбискуп патувал со јавни превозни средства, а наместо во бискупската палата, живеел во изнајмен стан, и со тоа го заслужил прекарот “кардинал на сиромашните”.

Зборува шпански, италијански, а се служи и со германски јазик. Познат е и како добар готвач, љубител на опера, следбеник на грчката класика, Шекспир и Достоевски. Важи и за добар пливач, иако од детство има проблеми со белите дробови.

Меѓу 1980-та и 1986-та година бил ректор на Филозофскиот и теолошкиот факултет, односно парохиски свештеник во Сан Мигел.

Првиот кардинал од редот на ѓаконите, Жан Луис Тауран, во околу 20:15 часот на 13-ти март се појавил на ложата во ватиканската базилика и по традиционалната објава на латински “Hebemus Papam!” или “Имаме Папа” открил дека кардиналите тој ден за папа го избрале аргентинскиот кардинал Бергољо, кој го избрал името Франциско. Откако ги замолил верниците да се помолат за Бенедикт XVL, ги замолил да пратат Божји благослов и за него.

Папата Франциско бил инаугуриран на 19-ти март 2013-та година како поглавар на Ватикан и Католичката црква.


Translate »