МНР: Предупредување до македонските граѓани поради протести во 23 градови во Грција
Министерството за надворешни работи на Македонија ги предупреди граѓаните на Република Македонија да бидат претпазливи во врска со протестите што ќе се оддржат попладне во 23 градови низ Грција.
“Поради потенцијалната можност од ескалација на протестите, се предупредуваат граѓаните на Република Македонија да ги избегнуваат местата на нивно одржување, како и од секакви реакции кои би имале негативни последици по нивната безбедност“, се наведува во предупредувањето од МНР.
Протестите се закажани ширум Грција денеска во 19.30 часот по локално време против правото на Република Македонија да го употребува мето „Македонија“ . Тие се организирани од организацијата „Кмитет за борба за грчкиот карактер на Македонија“. Иако МНР има информација за 14 градови во северниот дел од Грција каде што вообичаено одат туристи од Македонија, утрово организаторите најавија дека протести ќе има и во другиот дел од Грција, па дури и на некои острови.
Ќе се протестира во Катерини, Неа Мудања, Пела, Воден, Кавала, Драма, Серес, Кукуш, Поликастро, Лагада, Костур, Кожани, Птолемаида, Верија, Сатишта во северна Грција плус во Лариса, Теба, Јанина, Халкида и во Родос , Ханија на Крит, Крф и Халкида.