Ова се градовите во Грција во кои ќе се одржат протестите за името
Во 25 градови низ Грција ќе се одржат протести со барање Владата во Атина да не дозволи терминот Македонија да влезе во решението за името. Организатор е ФБ групата ” Koмитет за борба за грчкиот карактер на Македонија”. Протестите ќе започнат во 7.30 часот(локално време), а на нив ќе зборуваат видни личности од јавниот живот.
Во повеќето градови демонстрациите се поддржани од локалната самоуправа, од градоначалниците, но и од митрополитите, а планиран е и организиран превоз од села и градови до плоштадите каде што ќе се одржат протестите.
Градовите во кои се органзираат собирите се : Пела, Кавала, Драма, Сер, Кукуш , Поликастро, Неа Мудања, Воден, Лерин, Катерини, Касториа, Вериа, Теба, Јанина, Каниа, Крф, Халкида , Птолемаида и Родос.