Танкоски го предводеше Металург до супер победа во Букурешт

Металург ја забележа својата трета победа во регионалната СЕХА-лига кога младиот состав успеа да го излечи проблемот второ полувреме и со неверојатен камбек стигна до 28:26 (11:12) победа на гостувањето кај Стеауа Букурешт.

Деби-сезоната на Стеауа во регионалното натпреварување ќе заврши без настап на фајналфор, но романскиот клуб во моментот има посилен тим од Металург и тоа го покажа кога во второто полувреме направи предност од максимални пет гола разлика (19:14, 20:15).

Меѓутоа, потоа следуваше фантастичниот камбек на Металург, предводен од 20-годишниот Марио Танкоски, кој мечот го заврши со 9 гола за македонскиот клуб, на две минути до крајот да дојде до само втората предност на мечот. Нервите го направија своето, но Мартин Серафимов и Милан Лазаревски постигнаа голови во интересниот финиш за заслужена победа.

Translate »