ВИДЕО: „Лелее, што направивме!“ – Денот на кошаркарското чудо во Каунас

Македонската кошарка пред точно девет години на Европското првенство (ЕП) кое се одржа во Литванија ја оствари најголемата победа во историјата и се пласира меѓу четирите најдобри репрезентации на стариот континент.

Македонија во преполната „Жалгирис арена“ во Каунас со минимални 67-65 го совлада големиот фаворит Литванија, а херој беше Владо Илиевски кој со фантастична тројка на 10 секунди пред крајот го најави големиот триумф и историското славје за нашата кошарка. 

По мечот, Илиевски во неверување го извика легендарното „Леле, леле, што направивме“, а трибините кои беа обоени во зелено останаа во солзи. 

Translate »