Истражување: 31% од Французите и 26% Германци би се префрлиле на електричен автомобил
Истражувањето спроведено од IPSOS за EVBox донесува интересни заклучоци.
Анкетата е спроведена во шест земји, учествувале 3.600 возачи, од кои 600 биле сопственици на EV модели.
Според истражувањето, 62% од испитаниците изјавиле дека се свесни за ризиците што ги носat климатските промени, а повеќе од 50% од испитаниците изјавиле дека би го разгледале влијанието врз животната средина при нивното следно купување на автомобил. Меѓу сопствениците на електрични возила, процентот на оние кои се грижат дали и во колкава мера ја загадуваат животната средина е многу поголем – дури 85%, додека кај овие возачи 70% веруваат дека електричните и хибридните автомобили помагаат во борбата против климатските промени.
Сепак, на прашањето дали би се префрлиле на електричен модел при купувањето на следниот автомобил, само 26% од Германците рекле „да“, додека бројот на позитивни одговори бил малку поголем кај Французите – 31%.
Испитаниците издвоиле три главни проблеми во врска со возилата на батерии. Прво, проблемите со неразвиената инфраструктура, односно бројот на јавни полначи. Овој аргумент го имаат 47% од испитаниците кои немаат EV возило. Следен аргумент, за 46% од нив, е високата цена на електричните возила, додека 35% од испитаниците наведуваат дека процесот на полнење на батеријата трае предолго.
Сепак, повеќето сопственици на електрични автомобили се задоволни од своето возило. Дури 82% повторно би купиле возило на батерии, а интересно е и каде ги полнат батериите на нивните модели. Оние кои поседуваат EV во повеќето случаи батеријата ја полнат дома (73%), 40% од нив го прават тоа на работа, додека само 36% користат јавни полначи како примарен начин за полнење на батеријата.
Сите овие податоци јасно е дека електрификацијата е во полн ек, и дека споменатите проблеми полека се решаваат. Европските земји забрзано ја шират својата мрежа на полначи за електрични возила, таквите автомобили напредуваат, а батериите нудат се поголема автономија. Покрај тоа, државната поддршка никогаш не била поголема, така што во Германија, на пример, може да сметате на скоро 10.000 евра субвенции за набавка на електричен автомобил.
Секако, времето ќе покаже дали сето ова е доволно за масовно преминување на електичен погон.