6 совети како да привлечете пари оваа година!
Како да ги привлечете парите во вашиот дом и во вашиот бизнис ? Еве неколку совети на древното кинеско учење Фенг шуи , кои ќе ви помогнат да си обезбедите материјална благосостојба.
Прво што треба да направите е да ја откриете и активирате зона на богатството во вашата куќа или работното место. Таа секогаш се наоѓа на југоистокот. Правецото лесно може да се определи со помош на компас. Но, ако немате компас, имаме друго решение. Едноставно , сонцето во 9 часот наутро е на југоисток, само следете ја неговата светлина. За да ја активирате зоната е потребно да привлечете огромна количина енергија “ци”. А тоа се прави на следниот начин:
Како прво, треба да се направи темелно чистење на зоната. Исчистете го нередот во ова подрачје, фрлете ги старите и искористени работи. Старата поговорка вели:” Пара на пара оди”. Затоа во активната зона поставете талисмани кои привлекуваат пари, а тоа се:
1. Хиероглифот на богатството “Фу”
Овој знак привлекува пари. Ако не можете да го најдете во продажба, направете го сами. Земете обичен картон и со четкичка или мастило нацртајте го знакот. Ставете го во паричник, кутија или каде што ги држите парите. Во канцеларија ставете го знакот до компјутерот на кој работите.
2. Жаба со три нозе
Овој талисман е најчест во Фенг шуи. Жабата е со златна боја и може да биде изработена од метал, пластика и камен. Оваа фигура не само што ќе донесе пари во домот туку и ќе го направи поубав.
3. Монети
Кинезите ги користат монетите како амајлии кои привлекуваат финансиска благосостојба. Со црвена лента или конец поврзете ги и ставете ги на ѕидот во зоната на богатството за да ви донесат пари.
4.Местоположна на бирото
Тоа треба да биде свртено кон југ или југоисток – така ќе привлече слава и пари. Распоредувањето на предметите на бирото или работното место е многу важно. Ако сакате да печалите пари со работа на компјутер, тогаш тој треба да биде поставен во левиот горен агол на бирото. Таму е зона на богатството.
Ако го поставите телефонот во десниот агол на бирото – тој ќе привлече нови партнери. Столна ламба или метален предмет во далечниот лев агол од масата ќе привлече финансиски успех.
5. Аквариум сo рипки
Тој е силен магнет за привлекување богатство. Идеално е да имате 9 риби – осум златни и една црна.
Поставете го аквариумот во југоисточниот дел на собата. Треба да знаете, ако рибата умре, според Фенг шуи таа со себе ќе ги однесе грижите и проблемите на својот сопственик , како и нештата што морале да се сменат.
6. Дрвото на пари
Се препорачува растението да се стави на бирото или во близина на бирото. Така ќе донесе просперитет. Во зоната на богатството може да поставите и цвеќиња со виолетови листови и цветови,тоа исто така ќе ви донесе пари и успех.