Цвеклото го регулира притисокот, но внимателно!
Сировото цвекло е многу здравo. Го регулира крвниот притисок и го стимулира метаболизмот. Најголема корист има од нитратите, кои се во нејзиниот состав. Овие материи под дејство на плунката се претвораат во нитрити. Потоа доаѓаат во желудецот, каде се претвораат во нитричните оксиди, кои ги релаксираат крвните садови. Научните студии покажуваат дека нитритите од храната го смалуваат крвниот притисок и ја зголемуваат циркулацијата, па дури и ја зголемуваат физичката издржливост. Но, не преетрувајте. Експерите предупредуваат дека безбеден лимит на нитратите 260 мг. дневно ( две цели цвекла или чаша сок од 300 мл). Потенцијален ризик е тоа што нитритите можат да се комбинираат со протеините во желудникот и да формираат нитрозамини, материи кои можат да предизвикаат чир на желудникот. Затоа, внимавајте со внесот на цвекло во организмот. Иако е здраво, сепак земајте го умерено. Добри извори на нитратот, освен цвеклото, се и марулата, руколата и останатиот лиснат зеленчук.