Митрев: Наесен не очекува полошо сценарио, бидејќи доаѓа сезона на грип и загадувањето

Наесен не очекува полошо сценарио, бидејќи доаѓа сезона на грип, а дополнителен проблем е и загадувањето на воздухот, изјави кардиорирургот Жан Митрев во „Само вистина“ на Канал 5. 

„Многу ќе се зголемат бројките во однос на тешко болни пациенти. Гледајќи го текот со кој се справуваме секојдневно, она што се зборуваше дека е болест за постари луѓе, не е точно. Ние лекуваме и 24 годишник во тешка форма. Сега имаме син и ќерка кои се со тешка состојба. Во комбинација со поладната атмосфера и затворени простории, ќе почне и скопското загадување, ќе дојдат и другите додадни вирусни заболувања, сезонски грипови, ќе се искомплицира ситуацијата“, рече Митрев.

Тој вели дека што и да кажеме бројките покажуваат дека ништо не е надминато. 

Translate »