Пукотници на протестот, организаторите побараа Фетаи да биде разрешена

Организаторите на протестот за случајот „Монструм“ побараа обвинителката Фатиме Фетаи да биде разрешена.

-Жалиме за убиените, сочувствуваме со семејствата, но треба да се откријат вистинските злосторници, рече тој, додавајќи дека обвинителката не предложила нови докази.

Во позадина за време на протестот постојано се извикуваше УЧК, но и навредливи зборови за обвинителката Фетаи.

По завршувањето на говорот на Бедри Ајдари, брат на еден од обвинетите во позадина се слушнаа и пукотници, се крена и чад, а се фрлаа и камења.

Протестот е поради незадоволството на семејствата на обвинетите во овој случај, откако Обвинителството во завршните зборови на последното судско рочиште побара највисоки казни за петкратното убиство.

Немилиот настан се случи на 12 април 2012 година кај Смилковското езеро и беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

Translate »