Хајди Клум во креација на Тони Матичевски на Берлинската модна недела

Неодамна се одржа Берлинската модна недела, а на последниот ден, специјална гостинка беше и 47-годишната Германка, Хајди Клум.

Таа уште еднаш зачекори на писта и ги потсети сите зошто ја нарекуваат супермодел.

Клум се појави во тренди комбинација која вклучува панталони, сако и корсет со сребрени детали.

Со стајлингот беше направена и соодветна маска, а сите се дело на австралискиот дизајнер со македонско потекло, Тони Матичевски.

Тој уште пред неколку дена најави дека подготвува нешто за Хајди Клум, а сега се гледа и крајниот резултат.

https://www.instagram.com/p/CKaD_uNH_mn/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/toni_maticevski/

Translate »