Борисов до бизнисмените: Продадете ги скапите автомобили и платете ги работниците
Бугарскиот премиер Бојко Борисов им предложи на бизнисмените кои според него, навалиле на државните пари за наводно спасување на работни места, најпрво да ги продадат своите скапи автомобили, а потоа да му се обратат за помош.
„Според полициската статистика, во ‘бедната’ и ‘сиромашна’ Бугарија, регистрирани се три модели на ‘бугати’ какво што вози фудбалската ѕвезда Роналдо. Исто така има и 241 автомобил ‘бентли’, 123 ‘ферари’, 54 автомобили ‘мајбах’, 22 ‘мекларeн’, 87 ‘ламборџини’, 311 ‘масeрати’. Регистрирани се и 84 модели на ‘ролс-ројс’, 280 ‘хамери’, околу 4.000 ‘јагуари’ и повеќе од 5.000 ‘поршеа’“, рече Борисов, додавајќи:
„Наместо да ги отпуштаат работниците и да ги намалуваат платите, сопствениците на овие луксузни возила можат барем да се откажат од дел од нивниот возен парк, во оваа криза предизвикана од епидемијата“, им порача бугарскиот премиер на бизнисмените во неговата земја.
Борисов додаде дека гламурозните автомобили се само мал дел од богатството кое го имаат собрано големите газди во земјата.
Како одговор на поплаките од Бугарското здружение на работодавци дека со овие збороби ги навредил стопанствениците, Борисов одговори дека ги негира ваквите обвинувања затоа што неговата единствена намера била да ги заштити правата на работниците за време на кризата, пренесува агенцијата „Танјуг“.