Теретана се прогласила за црква за да избегне затворање

Популарната спортска сала во Краков, Полска, успеала да остане отворена и покрај новите мерки против ширењето на коронавирусот, прогласувајќи се за продавница во која луѓето можат да ‘тестираат’ опрема за одредена сума, но и црква која нуди ‘верски состаноци’ за промовирање на здрав начин на животот.

За време на викендот, полицијата во Краков влегла во фитнес центарот „Атлантик спортс фитнес џим клуб“, во кој 20-на луѓе вежбале и покрај забраната на владата за работа на теретаните. Полицијта ги идентификувала вработените и посетителите, но не издавале никакви казни бидејќи претставниците на теретаната тврделе дека сè е легално.

Со оглед на тоа што компанијата веќе имала деловна квалификација која ѝ овозможува вршење на услуги за малопродажба, „Аплатник спортс“, се прогласиле за продавница во која луѓето би можеле да влезат и да тестираат опрема за фитнес за одредена сума.

„Не сакам дупки во законот, но немаме избор“, рекла менаџерката на теретаната. Марта Хамроз.

„Не знам зошто удираат на фитнес индустријата кога црквите се отворени и трговските центри работат. Одлуката е против секоја логика и не можам да ја разберам“, додала таа.

„Моментално проверуваме дали сè е во согласност со прописите. Одлука за можни санкции не е донесена“, рекол еден од полицајците за „Sportowefakty“.

Translate »