Протест против промена на името, граѓани фрлија молотов коктел кон собранието
Граѓани протестираат пред собранието против промена на името, и го изразуваат своето незадоволство од Договорот со Грција за промена на името во Република Северна Македонија кој го потпиша премиерот Зоран Заев.
Молотов коктел е фрлен кон собраниската зграда, но не се запали.
Демонстрантите фрлаа и други предмети кон Собранието.
Протестот уште трае. Дел од присутните држат запалени бакли и пеат патриотски песни. Беше испратена порака дека Македонија ќе гори од Гевгелија до Скопје.
Фото Лидер