Светот се соочува со нова закана! Вирусот веќе нанел штета од 3,4 илјади милијарди долари
Пандемијата на коронавирусот веќе нанела штета од 3,4 илјади милијарди долари, изјавил претседателот на Генералното собрание на ОН Тиџани Мухамад Банде.
“Според податоците на меѓународната организација за работа, поради пандемијата на коронавирусот во 2020-та година, луѓе од целиот свет изгубиле околу 3,4 илјади милијарди долари. Сите држави во овој момент се наоѓаат под голем притисок. Ниедна држава во светот не може сама да се избори во овие потешкотии”, нагласил Мухамед-Банде на видео-конференцијата.
Тој додал дека ОН ги повикуваат сите држави со заеднички напори да ја победат пандемијата на “Covid-19|.
Во последно време речиси сите економисти велат дека се наоѓаме пред голема криза. Некои дури и ја споредуваат со Големата депресија.