Како да се реши загадувањето на воздухот во урбаните средини?
„О2 предизвик“ е создаден за поттикнување на иновативни идеи и акции кои ќе водат кон решавање на проблемотсо загадување на воздухот во урбаните средини во Македонија
Фондот за иновации и технолошки развојод денес 3 ноември до 30 ноемвризапочнува„О2 предизвик“ – јавен повик за финансирање на проекти за намалување на загадувањето на воздухот.
„ Овој повик се однесува на сите микро, мали и средни претпријатија кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга, процес или методологијакоја ќе помогне во решавање на проблемот со загадувањето на воздухот. Во реализација на проектите охрабруваме вклучување и на НВО секторот и академската заедница, за што компаниите-апликанти ќе бидат посебно вреднувани преку критериумот – проектен тим. „О2 предизвикот“ е дел од новите иницијативи во работењето на Фондот, меѓукои и примена на иновациите во јавниот сектор. “ вели Јован Деспотовски директор на „Фондот за иновации и технолошки развој“.
„О2 предизвикот“ бара решение/ја во една од следниве области:Користење на енергија за греење, Транспорт и мобилности Градежништво и урбани алтернативи.
Вкупниот буџет за „О2 предизвик“изнесува 6.000.000 денари.
Со цел подготовка на квалитетни апликации, Фондот за иновации и технолошки развој за прв пат, со овој повик, воведува и механизам за директна стручна поддршка на потенцијалните апликанти. Воедно, во следните 15 дена тимови на Фондот ќе реализираат и четири регионални инфо сесии во Тетово, Битола, Штип и Скопје.
Повеќе информации за повикот на следниот линк www.fitr.mk/O2predizvik;
Во реализацијата на „О2 предизвикот“се вклучуваат и Министерството за животна средина и просторно планирање и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), како и партнер организации и експерти.
Инаку „О2 предизвик“претставува пилот-проект за дизајнирање и воведување на нов Инструмент на Фондот за иновации и технолошки развојза примена на иновации во јавен сектор. Во подготвителна фаза се натпревари и предизвици и во други области, пред се во образованиетo.