Видео: Големо невреме во САД – замрзнат дожд и снег, предизвикаа сообраќајки и загинати

Невреме пропратено со замрзнат дожд и снег зафати голем дел од САД и доведе до фатални несреќи и затворања на училишта.

Американската метеоролошка служба издала совети за однесување о зимските услови во сојузните држави од Тексас на југ до Големите езера на север.

Полицијата на Минесота соопштила дека замрзнатото време влијаело до тоа да дојде до 400 сообраќајки и 250 превртувања на автомобили на патиштата, вклучувајќи две фатални несреќи.

 

Во некои амрикански области се очекува снег со висина од 15 сантиметри, додека метеоролошката служба на Арканзас наведува дека оваа недела во некои подрачја би можело да падне повеќе од 20 сантиметри снег.

Училиштата во сојузните држави Мизури и Висконсин денеска ги откажале часовите или го одложиле нивниот почеток.

 

Translate »