ДЕЛФИН ВО НЕИ ПОРИ , ФОКА НА ХАЛКИДИКИ

Големите бранови ги дотуркаа до брегот и човекот на фотографијата не беше единствен што го враќаше делфинот во морето, туку вкупно тројца луѓе“ – вели во коментар под фотографиите една од туристките што била присутна на плажата во Неи Пори каде делфин се насукал на брегот.

Голем број од туристите што во моментов се во Грција на социјалните мрежи споделуваат фотографии и видеа од тоа што се случува таму. Деновиве двајца туристи кои се на различни места во Грција споделија фотографии од спасување на делфин и фока.

Егејското Море има голем број животински видови, меѓу кои се и медитеранските фоки и делфините, но обично овие животни живеат во длабочините и ретко може да се забележат на брегот.

фото: Greekreporter

Медитеранските фоки во Грција важат за животни пред изумирање и се заштитени со закон. Еден од туристите кој деновиве се нашол на плажата во Метаморфози во Ситонија, сподели повеќе фотографии на Фејсбук групата Sitonija na dlanu, на кои може да се види фоката на брегот.

„Денес, фока, залута и се насука на плажата во Метаморфози… Успеавме да ја спасиме и да ја вратиме во морето… Ова беше неверојатен настан… Сите знаеме дека има делфини. Но, ете… Се појави и фока и спасена е“ – напиша тој до фотографиите.

Translate »