Антарктикот се распаѓа – пукнатина долга 130 километри се заканува да предизвика катастрофа од огромни размери
Глобалното затоплување зема сè поголем замав, а последниот
проблем во низата е џиновската пукнатина која се појавила на
Антарктикот.
Големиот леден гребен ќе се одвои од базата. 350 километри широкиот Ларсен е најсеверниот леден гребен на Антарктикот.
Британските научници го набљудуваат низ годините како се распаѓа. Процепот се проширил дури 22 километри од март 2016-та година. Сега изнесува 130 километри. Тоа значи дека одвојувањето на оваа грамада е само прашање на време.
Тоа е само уште еден дел од Ларсен кој ќе се одвои од континентот.
Во 1995-та година „Ларсен А“ се распаднал, а „Ларсен Б“ во 2002-та година се рушил.
Дел од мразот кој ќе се отцепи е со големина од 6.000 квадратни километри. Површината е поголема од Бали и е на пат да стане пловечки гребен.
Одвојувањето на гребенот не значи дека нивото на вода ќе порасне, но може да влијае на движењето на глечерите и тоа за многу брзо време.
Дали е ова резултат на глобалното загревање?
Нучниците немаат доказ за тоа, но сепак проценуваат дека глобалното загревање може да го забрза процесот на топење.