КАДЕ СÉ ИМА ИСЕЛЕНИЦИ ОД МАКЕДОНИЈА: Некои се попишале онлајн и од најдалечните егзотични острови
Според податоци на Државниот завод за статистика од онлајн попишувањето, во некои далечни и егзотични држави и острови живеат мал број иселеници од Македонија кои што заминале да работат и живеат во странство.
Анализата што ја објави Дојче веле покажува дека во 45 земји во светот живеат по двајца или само по еден иселеник. По еден се попишал во 27 земји и тоа во Бахами, Фокландските острови, Шри Ланка, Филипините, Бермуди и Боцвана, како и на егзотичните Кајманските острови, Камерум, Костарика, Кукови острови, Лаос, Мавританија и Маврициус. Во Брунеи, Уругвај, Алжир, Аргентина, Екваторијална Гвинеја, Малдиви, Мароко, Мозамбик и Монголија пописот детектираше по двајца македонски државјани, коишто живеат и работат на овие далечни дестинации. Двајца Македонци има и во Доминиканската република, Панама, Аланд острови.
Тројца македонски државјани изминативе години заминале на Антарктикот, исто толкава бројка живеат и во Џибути, на Фарските острови, во Еквадор, Замбија, Перу, Сејшели и Бонер, Сент Еустатиус и Саба.
На пописот се пријавиле и четворица во Виетнам и Камбоџа, додека петмина Македонци живеат во Аруба. Девствените острови се дом за петмина иселеници од земјава, шетстмина на Хаити, а десетмина Македонија ја замениле со Брегот Слонова коска како дестинација за живот.
Во европските земји има најголем број исленици кои на пописот се запишале онлајн.