Филипче за ТВ Нова: „Утре ќе се дискутира да се затворат моловите“

Тој, меѓудругото, зборуваше за состојбата на пациентите кои се позитивни на коронавирусот, каде истакна дека ги контактирале и пензионираните доктори кои се во можност да помогнат за новонастанатата состојба.

„Тоа се инфектолози, 7-8 на број, дел од нив се пензионирани изминатаве година – две. Тоа се луѓе во добра психофизичка сотојба и се волни да се приклучат на кадарот. Па затоа, да не се плашиме во однос на кадарот, на Инфективна се направи прераспределба на кадарот, бидејќи може да се случи и медицинскиот кадар да се разболи“, рече Филипче.

Исто така, посочи и дека има сериозна резерва на тестови, но сега ги надополнуваат.

„Нема потреба да се тестира човек кој не бил во контакт со некој од странство или луѓе кои се веќе заболени, тогаш очигледно станува збор за некој со сезонски грип. Ако станува збор за некои кои биле во контакт со некој кој бил во северна Италија, тогаш проверуваме. Ние немаме автохтоно жариште, нема потреба да доаѓа некој кој се сомнева дека има коронавирус, а не бил во контакт со некој кој бил во ризичните подрачја. Има само два случаи во Италија кои не биле во контакт со некој кој бил заразен, а го добиле коронавирусот, но се истражува како дошло до тоа“, вели Филипче.

Според него, првата група на пациенти се оние кои се заразија во други земји и дошле во земјата. Се проверува дали некој доаѓа од ризичните подрачја или имал контакт со некој кој бил во ризичните подрачја, па потоа се одлучува за тестирање.

„Доколку се утврди дека моловите се место каде се собираат голем број луѓе, тогаш ќе размислиме да се затворат“, рече министерот за здравство и додаде дека доколку локалите и кафеаните не ја почитуваат оваа мерка, подготвени се на порадикална мерка целосно затворање.

Translate »