[РЕЦЕПТ] ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАГНЕШКИ РОЛАТ

Состојки:
1,5 кг јагнешки бут, каре
3 суп. лaж. масло
За филот:
2-3 суп. лаж. масло
1 главица кромид (средна големина и ситно исечкана)
90 г лебни трошки
2-3 суп. лаж. ореви сецкани
1 суп. лаж. свеж магдонос на ситно
1 суп. лаж. свеж босилек на ситно (може и сув)
сол, кора од 1 лимон (рендана)
1 јајце
Подготовка:
Филот се прави на следниов начин: се топи маслото и пржи кромидот, додадете ги оревите и лебните трошки и зачините, кората од лимон, дел од тепани јајце конечно, до добивање на густа смеса.

Месото се сече на тенко, одозгора се става филот и се врти на ролна. Се врзува со конец по должината, за да не се одвива за време на печењето. Се става во подмачкана и загреана тава и пржи за неколку минути од сите страни. Се пече на 200 степени околу 1 час.

По желба се прави сос од пржен кромид во масло со доматно пире и супа.

Translate »