Covid-19 не ги плаши младите во Флорида кои уживаат на плажа! Неверојатно неодговорно однесување коментираат експертите.
Во САД досега се регистрирани 4,500 случаи на коронавирус, бројот на починати е 79, но младата популација очигледно и натаму не води сметка за предупредувањата на експертите и ги игнорира советите за карантин кои помагаат во спречување на ширењето на Covid-19.
Ова најдобро го покажуваат фотографиите и снимките направени деновиве на плажите ширум Флорида. Стотици, ако не и илјадници луѓе, претежно млади лица, ги игнорираа препораките на американските власти и ги окупираа плажите, рестораните, кафетериите и дискотеки. Поради ова, локалните власти се заканија со парични и затворски казни.
„Spring break во Мајами и дефинитивно заврши. Имате мајки, баби, можеби и прабаби. Тој вирус за нив може да биде исклучително опасен“, порача градоначалникот на Мајами, Дан Гелбер.
Со 149 заболени и четири починати лица од коронавирусот во сојузната држава Флорида, од кои многу се тинејџери или лица во рани 20-ти, медицинските експерти и сојузните власти побараа откажување на сите случувања на кои учествуваат повеќе од 50 лица.
Слични проблеми со неодговорни студенти минатиот викенд имаше и Ирска каде што во повеќе градови биле организирани „ковид/вирус забави“, на кои присуствувале стотици млади луѓе.
„Згрозен сум од таквото себично и крајно неодговорно однесување“, изјави професор по експериментална имунологија од Универзитетот Тринити.