Домашни декоративни брускети
СОСТОЈКИ:
- 8 парчиња тост леб
- 4 домати
- 2 лажици сечкан босилек
- 200 гр крем сирење
- 4 лажици доматно пире
- 2 чешниња лук
- 1 шолја маслиново масло
- сол
- бибер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- На маслиново масло кратко продинстајте го лукот, додајте доматно пире и босилек, ставете сол и бибер, оставете 2-3 минути да се соедини со лукот.
- Загрејте ја рерната на 180 степени. Тост лебот премачкајте го со маслиново масло, ставете крем сирење, доматно пире и исечкани парчиња домат. Истурете врз лепчето босилек или магдонос.