Македонец дивеел со „ауди“ на автопат во Србија
Српските сообраќајци сопреле и исклучиле од сообраќај македонски државјанин на автопатот Ниш-Белград, кој возел со брзина од 252 киломери на час.
Станува збор за 32-годишник, а како што јавуваат српските медиуми, на патот било дозволено движење од најмногу 130 километри на час.
Против возачот ќе биде поднесена прекршочна пријава.