КИМ ЏОНГ-УН Е ЖИВ: ПРВПАТ ВО ЈАВНОСТА ПО 20 ДЕНА?
Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун се појави на 1 Мај отворајќи фабрика, информираа државните медиуми на земјата, пренесува јужнокорејската новинска агенција Јонхап.
Осврнувајќи се на извештајот на државната телевизија, новинската агенција Јонхап од Сеул објави дека Ким се појавил на церемонијата на отворање на фабриката во индустрискиот град Сунчон. „Церемонијата за завршување на фабриката во Сунчон се одржа на 1 мај, Меѓународниот ден на трудот“, пренесува Јонхап.Со Ким, наводно, се појавила со неговата сестра Ким Јо Џонг.
Тој ја пресече црвената лента на отворањето на фабриката за прочистување, јави Би-би-си. Северно корејската новинската агенција КЦНА објави и фотографии од свеченоста, пренесе Си-ен-ен.
Ким Џонг-ун последен пат беше забележан во јавноста на 11 април. Тоа предизвика лавина на шпекулации дека тој има нарушено здравје или дека е мртов.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, одбри да коментира за најновата вест дека Ким е жив и дека добар.
„Не би коментирал ништо сè уште. Ќе имаме што да кажеме во соодветно време“, рече Трамп одговарајќи на новинарски прашања.