Српска ,,Политика”: Груевски побегнал преку Албанија

 

Провладиниот белграски весник ,,Политика”, во денешното издание на насловната страница објавува текст во кој се тврди дека Груевски во Унгарија побегнал преку Албанија. Според весникот, Груевски со лажен пасош ја преминал македонско-албанската граница, и наводно со утрински лет на копанијата ,,Малев”, стигнал во Унгарија. Текстот, кој се наведува дека е ексклузива на провладиниот весник ,,Политика”, се појавува во моментот кога се посилни се обвинувањата во македонската јавност дека Груевски преку Србија успеал да пребега во Будимпешта.

Текстот кој што го објавува ,,Политика” во денешното издание го пренесуваме интегрално:

,,Поранешниот македонски премиер со лажeн пасош ноќе ја преминал македонско-албанската граница и илегално стасал во Тирана, каде што го прифатиле во амбасадата на Унгарија. Со прв утрински лет на компанијата ,,Малев” тој директно од Тирана пристигнал во Будимпешта.

Никола Груевски, поранешниот премиер на Македонија се наоѓа во Будимпешта, каде што од унграските власти побара политички азил. Претходно, во Скопје го избегна отслужувањето на казната од две години затвори, поради набавка на блиндираниот службен ,,мердедес”.

Добивајќи информација од своите соработници во системот дека полиција се подготвува да го уапси, Груевски со лажен пасош ноќе ја преминал македонско-албанската граница и незаконски дошол во Тирана. Таму го прифатиле во амбасадата на Унгарија и со првиот утрински лет на унгарската компанија ,,Малев” тој директно од Тирана пристигнал во Будимпешта. Екипажот на авионот воопшто незнаел кој е патникот со шешир и очила за сонце, кои не ги симнувал ниту во авионот.

Во моментот кога македонската потерница стапи на сила, а тоа беше некаде околу 10 часот предпладне, Никола Груевски веќе беше во Будимпешта, од каде им прати топла порака на властите во Скопје дека ги изиграл, но дека ја сака Македонија и дека секогаш ќе биде со неа. Но, секако дека ја сака и слободата.

Властите во Скопје реагираа веднаш со апсење на соработниците на Никола Груевски, поради овие или оние причини. Но сега за се е доцна, главниот играч  побегна, а на властите им останува да истражат кој се му помогнал на Груевски да побегне од Скопје.

Бидејќи, сигурно е дека тој бил под силен надзор на полицијата 24 часа. Или полицијата воопшто и не знаела каде тој се наоѓа? Како е можно  Груевски да ја премине македонско-албанската граница, а да не го идентификуваат македонската и албанската гранична служба? А се знаеше дека изминатите месеци му беше одземен пасошот? Кој е тој што потфрлил на македонска, а кој на алнанската страна? Или, всушност  големиот брат од онаа страна на Атлантикот заклучил дека е најлелегантно Груевски ,,да се засолни” во Унгарија. И таму да биде џокер за некои идни времиња, ако Заев не биде конструктивен онака како што сакаат Тирана и Вашингтон. Симболиката и е таа дека  Никола Груевски побегна во Будимпешта токму  преку Тирана, а тој беше главен противник  на ,,тиранската платформа”, која беше вовед во неговиот пад од власта”.

Translate »