Видео-како изгледа слетување авион во услови на големо невреме
Патничкиот авион „Боинг 737-800“, без проблеми успеа да слета на аеродромот во шпанска Палма Де Мајорка, иако во околината на аеродромот владееше големо невреме.
На снимката која што е направена од пилотската кабина, може да се види како авионот започнува да се тресе погоден од големото невреме проследено со обилни врнежи на дожд и силен ветер. Поради силината на дождот видливоста на пилотот преку ветробранското стакло е практично сведена на нула.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, брзината на ветрот на самата писта при слетувањето на авионот изнесувала 60 километри на час.
Инаку, пилотите успеаа сосема нормално да го приземјат авионот благодарение на напредните компјутерски системи, односно со помош на системот за автоматско управување кој што врши корекција на летот.