„Џордан одби понуда за два часа да заработи 100 милиони долари“: Агентот Фалк открива пикантерии од животот на легендата
Тој е Џордан, тој може сè“ – ја објаснил постапката на својот клиент, Дејвид Фалк.
Иконата на НБА, Мајкл Џордан, повторно е актуелен поради документарецот „The Last dance“, а во кој има многу детали кои што јавноста штотуку ги дознава, а уште една пикантерија од животот на славниот кошаркар ја сервирал долгогодишниот агент на Џордан, Дејвид Фалк.
Тој за радио „WFAN Sports“, раскажал како Џордан своевремено одбил понуда од една компанија ‘тешка’ 100 милиони долари, а сè што требал да направи е за тие пари да сними реклама во времетраење од два часа.
Но, тој одбил да го направи тоа.
„Се сеќавам, му ја дадов понудата пред три години, вредна 100 милиони долари. Сè што требаше да направи, беше два часа да се појави таму, но тој одби“ – откри Фалк.
Иако таа понуда веројатно била најголема во историјата на спортот, Фалк вели дека не го изненадил потегот на неговиот клиент.
„Бог да го благослови. Беше толку многу успешен што тоа му дава можност да прави што сака, и да ги одбива работите кои што не му се допаѓаат“.
Богатството на Џордан се проценува на една милијарда и пол долари, а големиот дел од тоа го стекнал за време на кошаркарската кариера.
„Навистина го ценам тоа. Тој внимателно бира со кој ќе работи и соработува“ – вели Фалк кој што во една ситуација најдобро го опишал карактерот на Џордан.