Новак на УС Опен изведе „тениска магија“ која сите ги остави без здив…
Новак секогаш знае да ги покаже своите неверојатни способности, но најновата ситуација – навистина остава без здив.
Новак Ѓоковиќ ги продолжи победите во низа на УС Опен. Првпат во 2020-та година изгуби тај-брејк, но не и натпреварот против Кајл Ендмунд и со тоа се проби до третото коло.
И тоа со неколку вистински бравури од кои што оваа особено се издвојува.
Делуваше како ситуацијата да е загубена, кога во четвртиот сет водеше Британецот со 40:15, но потоа Новак изведе вистинско чудо.
Прво, со рекетот малтене мораше да дојде до тлото за да го спаси поенот, а потоа да трча кон мрежата затоа што ривалот му ја „скрати“ топката, за во дел од секунда да се сврти и да истрча назад кон основната линија за таму да интервенира.https://platform.twitter.com/embed/index.html?dnt=false&embedId=twitter-widget-0&frame=false&hideCard=false&hideThread=false&id=1301269004171055109&lang=en&origin=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fadmin%2Fnews%2F352664%2Fedit&theme=light&widgetsVersion=219d021%3A1598982042171&width=550px
Сето тоа Новак успеа да го изведе, вадејќи го од такт Британецот, затоа што наредниот негов потег беше грешка.
Новак славел со „Ајде, бре!“, но гласно било и во студиото на „ТВ Арена спорт“, во кое што славел и таткото на Ноле – Срѓан.
„Браво, мајсторе! Неверојатно… Гледај!“ – ја коментирал тој репризата на бравурата на својот син.