Гранд ги претстави добитниците од наградната игра „Стани Гранд милионер“

Што се случува кога имате доверба во вашето омилено кафе и го пиете секој ден? Тоа ви секојдневно уживање со неговиот неодолив мирис и вкус, но и ве наградува, како што беше случајот со стотиците досега извлечени добитници од наградната игра „Стани Гранд милионер“.

Велат дека за среќа е потребно малку. Понекогаш тоа е пиење на шолја од омиленото свежо мелено кафе, а понекогаш е неочекувано добивање на награда од наградна игра. А во некои случаи – дури и двете работи одеднаш. Секое купување на Гранд кафе може да ви донесе еден куп вредни награди, па дури и да ве направи милионер!

За да учествувате во наградната игра „Стани Гранд милионер“, во пријавата треба да бидат впишани бројот на сметката, датумот и времето (час:минута) на нејзино издавање. Пријавувањето може да се изврши преку СМС на бројот 149 491 или преку веб платформата www.stanigrandmilioner.mk, со испраќање на бројот и времето од фискалната сметка која содржи барем 200 г. од било кое Гранд кафе.

„Отсекогаш пиеме кафе, уште од појавувањето на Гранд кафе. Верувавме дека ќе добиеме награда и затоа учествувавме во наградната игра. Но, наградата ја добивме сосема случајно, бидејќи сметка која ја испративме беше добитна. Наградата е супер, миксерот навистина ни се погоди бидејќи фамилијата ни се шири и ваквите кујнски апарати се секогаш добредојдени. Снаата веднаш направи палачинки за да го пробаме како работи. Сите награди се одлични, а поради тоа што се доделуваат дневно и неделно, секој кој учествува во наградната игра може да очекува да биде добитен! Ние ќе продолжиме да испраќаме кодови да очекуваме да добиете една од трите главни награди од милион денари“, вели Зоран Саздовски од Куманово, добитник на миксер од наградната игра „Стани Гранд милионер“.

Дознајте повеќе за неговото, но и за искуствата на останатите добитници од наградната игра на видеото од следниот линк:

https://www.facebook.com/watch/?v=293398638760644
https://www.facebook.com/watch/?v=1533500353496348

Од почетокот на наградната игра досега секој ден се извлекуваат добитници на мали кујнски апарати (пегла, миксер, пасатор, блендер и кујнска вага), додека на крајот од секоја недела се извлекува и еден добитник на Смарт ТВ. Сепак, вистинските премии ве очекуваат на самиот крај на наградната игра, кога сите дотогаш недобитни кодови ќе учествуваат во извлекувањето на трите главни награди, секоја од нив во индивидуална вредност од 1.000.000 денари!

Произведено во Македонија од најквалитетните состојки, Гранд кафе е домашен производ на кој секогаш можете да се потпрете кога ви е потребен оној опоен мирис и моќен вкус на вистинско свежо мелено кафе, кој ќе ве разбуди или ќе ве освежи попладне по напорниот работен ден! Побрзајте и регистрирајте го вашето учество, бидејќи можеби токму вие сте следниот македонски милионер!

Translate »