Не секој магнезиум е ист: зошто MAGNESIUM BISGLYCINATE е добар избор?
Динамичното темпо, недоволниот одмор, стресот и обврските кои не чекаат може лесно да го доведат организмот до момент кога енергијата паѓа, концентрацијата се намалува, а телото испраќа јасни сигнали дека му е потребна поддршка. Заморот, напнатоста, чувството на исцрпеност и мускулната слабост не треба да се игнорираат — тие често се знак дека на телото му недостигаат важни нутриенти.
Еден од минералите со клучна улога во секојдневното функционирање е магнезиумот. Тој придонесува за нормален енергетски метаболизам, намалување на заморот и исцрпеноста, нормално функционирање на нервниот систем и нормална мускулна функција.
Но, кога станува збор за избор на суплемент, важно е да се знае дека не секој магнезиум е подеднакво добар. Различните форми имаат различна апсорпција и подносливост, па затоа не е доволно да се гледа само количината наведена на пакувањето, туку и формата во која магнезиумот доаѓа. Токму тука предност добива MAGNESIUM BISGLYCINATE 400 mg од Натура терапи — премиум форма на магнезиум со висока биорасположливост, која е позната како понежна за дигестивниот систем и подобро искористлива од организмот.

„Не е исто каква форма на магнезиум внесуваме. Кај суплементите, формата е многу важна затоа што од неа зависи колку добро организмот ќе го искористи магнезиумот и како ќе го поднесе дигестивниот систем. Магнезиум бисглицинатот се смета за една од подобро искористливите и понежни форми, што го прави добар избор за редовна поддршка кај луѓе со динамично секојдневие“, истакнува нутриционистот Сашко Дрвошански.
Според него, грижата за балансот на магнезиумот е важна затоа што современите навики — брза исхрана, недоволно внесување на свежа храна, стрес и намалена физичка активност — може да придонесат телото да не ги добива сите потребни количини преку исхраната.
„Важно е да се знае дека суплементите не се замена за разновидна и балансирана исхрана, туку дополнување кога постои потреба. Магнезиумот треба да биде дел од поширок пристап кој вклучува правилна исхрана, доволно сон, движење и редовна грижа за здравјето“, додава Дрвошански.
MAGNESIUM BISGLYCINATE 400 mg од Натура терапи е наменет за сите кои сакаат едноставна дневна поддршка во периоди на замор, напнатост и зголемено темпо. Неговата формула лесно се вклопува во секојдневната рутина и е добар избор за оние кои бараат квалитетна форма на магнезиум, а не само уште еден суплемент на полицата.
Производот е достапен во специјална понуда: 2+1 пакување, односно 360 таблети за 2.000 денари — можност за долгорочна поддршка на организмот по одлична цена.
Ако чувствувате дека енергијата повторно е на нула, можеби е вистинско време да го прекинете кругот на замор и да му дадете на телото поддршка што ја заслужува.

