Кога луѓе од доверба ја водат банката, таа се развива: лидерската улога на Тони Стојановски во трансформацијата на НЛБ Банка
НЛБ Банка Скопје го доби сертификатот „Top Employer 2026“ – меѓународна потврда дека Банката гради работна средина со високи стандарди, силна организациска култура и јасна грижа за развојот и добросостојбата на вработените.
Сертификатот претставува независна потврда за усогласеноста на ЧР практиките на НЛБ Банка со меѓународно признати стандарди и ја реафирмира стратешката определба на Банката за континуирано унапредување на работното искуство, развојот и добросостојбата на вработените. Со тоа, дополнително се зацврстува позицијата на НЛБ Банка како посакуван, одговорен и современ работодавач.
Веста за сертификатот беше споделена со вработените и нивните семејства за време на традиционалниот Family Day на НЛБ Банка, симболично поврзувајќи го признанието со неговата суштина: луѓето, нивното искуство и организациската култура што Банката континуирано ја гради.
„Ова признание е резултат на нашата долгорочна посветеност да градиме работна средина во која вработените се чувствуваат поддржани, вреднувани и мотивирани да се развиваат. Верувам дека задоволството на вработените е основа за квалитетна услуга кон клиентите, за одржлив раст и за создавање позитивно влијание во заедницата. Сертификатот Top Employer е дополнителна потврда дека сме на вистинскиот пат, но и обврска и натаму да ги унапредуваме нашите практики и култура.“ – истакна Претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, Тони Стојановски во своето обраќање кон колегите.
Сертификацијата на НЛБ Банка произлезе од повеќемесечен, структуриран процес на институционална проценка и независна валидација на ЧР политиките, процесите и практиките на Банката од страна на Top Employers Institute. Притоа, беа оценувани клучни области од управувањето со човечките ресурси, вклучително развојот на таленти, организациската култура, учењето и напредувањето, инклузивноста и добросостојбата на вработените и низа други.
*Top Employers Institute е глобална организација која ги сертифицира компаниите врз основа на нивните практики во областа на човечките ресурси и искуството на вработените. Сертификатот Top Employer им се доделува на организации кои покажуваат посветеност кон создавање подобри услови за работа, континуиран развој на вработените и унапредување на организациската култура.
Банката предходно го доби и глобалното признание „Најдобра банка за физички лица во Македонија“ од Euromoney Awards for Excellence 2026 кое не е само потврда за силните резултати на НЛБ Банка, туку и за јасната лидерска визија што стои зад нејзината трансформација. Во време кога банкарскиот сектор се менува под влијание на дигитализацијата, растечките очекувања на клиентите и сè поголемата потреба од интегрирани финансиски решенија, улогата на Тони Стојановски, Главен извршен директор и претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, добива особено значење.
Под негово водство, Банката ја зацврстува позицијата на лидер во банкарството за физички лица, со пазарно учество од 23,5% во кредитирањето на населението, раст од 14% кај кредитите и 13% кај депозитите на населението, како и највисок раст кај станбените и потрошувачките кредити. Овие резултати ја потврдуваат способноста на Банката да обезбеди стабилен раст, но и да остане финансиски партнер од доверба за граѓаните во период на забрзани промени.
Стојановски, кој има повеќе од 30 години искуство во банкарскиот сектор и богата професионална кариера на различни раководни позиции, е препознаен како лидер кој ја темели својата работа на знаење, интегритет, одговорност и човечки пристап. Tој истакнува дека лидерството не е еднонасочно носење одлуки, туку процес на слушање, вклучување и создавање доверба во тимот.
„Луѓето очекуваат брзи одлуки, особено кога те следат… Исклучително е вредно да се слушаат луѓето од тимот, бидејќи да се води еден тим не значи дека одлуките и насоките одат едносмерно — секогаш е двосмерно. На крајот сите треба да бидеме убедени во нешто за да можеме да го исполниме. А тоа е нешто што се учи низ годините“, вели Стојановски. Токму оваа филозофија на водење се пресликува во начинот на кој НЛБ Банка ја развива својата култура, услугите и односот со клиентите.

Лидерството на Стојановски се препознава и во стратегиската насока на Банката кон 2030 година — да биде најиновативната, најклиентски ориентирана и најодржлива финансиска институција во земјата. Дигиталната трансформација, унапредувањето на мобилното и електронското банкарство и создавањето едноставно, безбедно и современо клиентско искуство се дел од визијата Банката постојано да биде чекор пред потребите на клиентите.
Во услови на растечка финансиска култура, кога граѓаните и компаниите сè почесто размислуваат долгорочно за своите пари, НЛБ Банка ја проширува својата улога од класична банка во современ финансиски супермаркет. Преку банкарски продукти, инвестициски можности во соработка со НЛБ Фондови, лизинг решенија преку НЛБ Лизинг и осигурителни продукти преку своите партнери, Банката им овозможува на клиентите сеопфатна финансиска поддршка на едно место.
Во таа смисла, улогата на Тони Стојановски не е само во управување со успешни деловни резултати, туку и во обликување на визијата за тоа каква банка им е потребна на граѓаните и компаниите денес — банка што слуша, советува, поврзува и создава долгорочна вредност. Токму затоа, НЛБ Банка останува секогаш добар избор: стабилен, иновативен и доверлив финансиски партнер, воден од јасна стратегија, силно лидерство и длабока посветеност кон клиентите, вработените и заедницата.

