Нови случаи на непотизам, реформа на ОЈО за ефикасност на Антикорупциска

Граѓанскиот сектор е најголем  сојузник во борбата против корупцијата смета Антикорупциска. Очекува поддрша, помош и информации кои ќе помогнат да се оформуваат предмети. Но, без реформа во Обвинителството не може да се очекува ефекасност во работењето на Антикорупциска, велат од граѓанскиот сектор.

„За тоа следи и закон за укажувачите во интерес на сите е тие да си бидат заштитени и да доставуваат потребни информации без да имаат последици по тоа“, изјави Билјана Ивановска, претседател на ДКСК.

Ќе се мониторираат и откриваат различни злоупотреби на власта на различпни нивоа. Почнувајќи од јавните претпријатија и нивните управни одбори. Но, сепак без преголеми очекувања велат од граѓанскиот сектор, бидејќи финализацијата на голем дел од процесите зависи од Обвинителствто. Треба да се инсистира на реформа во Обвинителството.

„Главната вредност на нашата екпертиза во најголем дек се мониторинг набљудувачките активности кои ги правиме со кои моќеме да поднесуваме претставки или да даваме докази, до комисијата за спречување на корупција“, изјави претставни на граѓанскиот сектор.

Невладините организации и медиумите беа совета на општеството вели Дерала во на 10 месечното отсуство на Антикорупциска.

„Државата не смее да штеди, на ресусри да се бори против корупцијата.Тоа значи дека секретаријатот мора да биде зајакнат со персонал, оваа комисија треба да добие поголема гаранција за независнсот, што во моментов самиот закон не до крај ја овозможува“, изјави Џабир Дерала од невладината организација ЦИВИЛ.

И додека Антикорупциска се уште не ги доставила барањата до сите оние со спорни вработувања, бројот на нови непотистички вработувања расте. Од ВМРО –ДПМНЕ објавија нови имиња. Овојпат станува збор за случаи како што велат на кои може и Мира да им позавиди и да биде љубоморна.

„Дали сопругот на пратеничката Тања Ковачев, Деан Ковачев, без сооодветно образованиево АД Аеродроми, Аеродромски услуги Македонија? Дали сестрата на истата пратеничка, Катерина Хаџиевска Јакимовска, е вработена во Управата за јавни приходи, како инспектор за игри на среќа? Дали зетот за сетсра Бобан Јакимовски е вработен во Водовод и канализација Скопје. Дали Елеонора Фунду е золвата,  поставена е како претседател на надзорен одбор во АД Аеродроми“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Во текот на неделата ќе се одржи трета седница и ќе се отворат нови случаи. Целта ќе биде да се подобри системот за вработување без разлика која личност се пријавува. Ќе се истражува како одредени лица од позиција на моќ, влијаеле при вработувањата на принцип на непотизам. Ќе се рагледуваат вработувањата од 2015-та, но не значи дека нема се земат предвид и од поодамна. За пример ќе се земе италијанското искуство, почната е комуникацијата. Во меѓувреме нови повлекувања нема.

Translate »