Се одлага Брегзит? Еве што ќе се случи со излегувањето на Велика Британија од Европската унија

Велика Британија веројатно ќе мора да го одложи излегувањето од Европската унија доколку пратениците на гласањето идната седмица го отфрлат владиниот предлог за „раскинувањето“, изјави британскиот министер за финансии, Филип Хамонд.

„На владата ѝ е јасно каков е ставот на парламентот во врска со ова прашање. Парламентот ќе гласа од Европската унија да не се излегува без договор. Во тоа сум прилично уверен“, изјави британскиот министер.

Британските пратеници на 15-ти јануари гласаа против предлогот на премиерката Тереза Меј, а ново гласање се очекува на 12-ти март.

Да потсетиме, шкотскиот и велшкиот парламент го отфрлија во вторникот договорот за Брегзит кој го постигна британската влада со Брисел, што беше прв пат пратениците на парламентите на Шкотска и Велс да гласаат практично истовремено.

На референдумот кој беше одржан во 2016-та година, Брегзит, односно напуштањето на Велика Британија на Европската унија го поддржаа 52% од гласачите, во однос на 48% колку што беа против за излегување од ЕУ, а тоа доведе и до голем раскол во државата.

Англија и Велс гласаа за напуштање на Европската унија, додека мнозинството гласачи во Шкотска и Северна Ирска гласаа за останување во европската заедница.

Translate »