Захарова објасни зошто фотографијата од Вучиќ пред Трамп ја спореди со сцена од „Ниски страсти“

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, изјави дека нејзиниот пост на „Фејсбук“ не е добро толкуван.

Захарова изјави дека соопштението укажува на несогласување со арогантниот став на „исклучителните“.

„Се извинувам, но мојот пост беше погрешно протолкуван! Единственото нешто што беше напишано во него беше несогласување со арогантниот став на ‘исклучителните’“, допиша Захарова на фотографијата, а пренесува „Спутник“.

„Триковите за протокол станаа еден од пристапите што американските официјални лица редовно ги користат со цел вештачки да создадат изглед на нивна исклучителност. Тоа е неприфатливо“, нагласи портпаролката.

Захарова претходно на „Фејсбук“ објави фотографија од претседателот на Србија, Александар Вучиќ во Белата куќа, како седи на столче наспроти работната маса на Доналд Трамп, споредувајќи ја со култната сцена од филмот „Ниски страсти“.https://www.youtube.com/embed/2qMfe_Bmw6s

„Ако сте поканети во Белата куќа, а столчето е поставено како да ве испрашуваат, седете како на фотографијата број 2, кој и да сте. Верувајте ми!“, напиша Захарова.

По ова српскиот претседател остро реагираше на коментарот на Захарова.

„Марија Захарова најмногу говори за себе. Примитивизмот и вулгарноста зборуваат за неа, како и на оние кои тука ја поставија“, рече Вучиќ.

Тој истакна дека не е во состојба да објасни нечиј примитивизам.

„Замислете, дојдов во Белата куќа, тогаш ви кажуваат – одите во Овалната соба и тоа е посебна чест. Дојден е највисокиот врв на САД, ве носат на билатерален разговор. Трамп седи во фотелја, а мене ми носат столче на кое седам спроти него. Не фантазирам ниту за ниски страсти, ниту за столчиња. Проблемите со своите соништа решавајте ги како што сакате. Седев на тоа столче за да го подигнам угледот на Србија“, рече претседателот на Србија и додаде:

„Можев да стојам, исто така можев и да клекнам. Што е важно. Претпоставувам дека е важно колку болници ќе изградиме, пруги…“

Translate »